Поврзете се со нас

Италија

Искусен тренер ќе обезбедува опстанок за Сасуоло

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SassuoloUS

Сасуоло е најнепријатно изненадување во Серија А сезонава, а тимот од „Мапеи“ се доведе во ситуација да стравува и за опстанокот во најелитната италијанска лига.

По отказот за Алезио Диониси и убедливиот пораз од Интер, клубот денеска го соопшти името на новиот тренер, а тоа е искусниот Давиде Балардини.

Балардини добил договор за до крајот на сезоната и со себе носи цел стручен штаб, а единствената задача е обезбедување опстанок.

Претходниот ангажман на Балардини беше во Кремонезе, а ја презема функцијата во пресрет на дербито со Верона, од кое бодовите ќе имаат големо значење за конечниот епилог на табелата.

Сасуоло има само една победа во 2024 година, а досега собра 20 бодови со кои е во опасната зона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни