Поврзете се со нас

Англија

Искусен шпански стручњак ќе му биде десна рака на Гвардиола во Сити

Објавено

на

Екипата на Манчестер Сити го комплетираше стручниот штаб, односно назначи асистент кој ќе му биде десна рака на тренерот Пеп Гвардиола.

Се споменуваа одредени имиња во јавноста меѓу кое и она на легендата на „граѓаните“ Венсан Компани, но изборот на крајот падна врз искусниот Хуан Мануел Лилјо. Се работи за стручњак кој има работено во многу клубови во Шпанија, но исто така и во Мексико, Колумбија, Јапонија, Кина од каде што и доаѓа во Англија во Сити.

Интересно е тоа што Лилјо во минатото му бил тренер на Гвардиола и тоа во редовите на Дорадос Де Синалоа.

-Воодушевен сум што му се приклучив на стручниот штаб на Манчестер Сити. Мојатa соработка со Пеп трае со години и навистина сум воздбуден што ќе му се приклучам како дел од овој возбудлив тим. Манчестер Сити имаше многу успех во последните сезони и играше убав фудбал кој го очекувавме од овој клуб и менаџер. Задоволство ми е да станам дел од оваа група и се надевам дека ќе дадам важен придонес за успехот на клубот, -порача 54 годишниот Лилјо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни