Поврзете се со нас

Свет

Искусен германски стратег седнува на клупата на Нигерија

Објавено

на

Германскиот фудбалски стручњак Бруно Лабадија (58) е назначен за нов селектор на африканскиот вицешампион Нигерија.

Фудбалската федерација на Нигерија не објави никакви детали од договорот.

Инаку, Лабадија е веќе трет тренер на клупата на Нигерија оваа година, по Португалецот Хозе Песеиро, кому не му беше продолжен договорот по освоеното второ место на африканското првенство на почетокот на годината и Финиди Џорџ, кој потоа раководеше со четири игри.

Лабадија за првпат ќе седне на клупата на Нигерија за 12 дена во квалификацискиот натпревар за новото африканско првенство против соседот Бенин.

За Лабадија, кој ги водеше Баер Леверкузен, Хамбургер, Штутгарт, Волфсбург и Херта, ова ќе биде прв тренерски ангажман надвор од Германија.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни