Поврзете се со нас

Свет

Искусен дефанзивец сака да ја напушти Саудиска Арабија уште во јануари

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/luizfeliperamos27

Фудбалер кој последното лето се пресели во Саудиска Арабија, веќе размислува само за враќање во Европа и ќе очекува понуди од клубови од најсилните лиги.

Се работи за искусниот дефанзивец Луиз Фелипе, кој најдолго играше во редовите на Лацио, а се пресели во Ал Итихад од екипата на Бетис.

Со само 19 настапи и принудна пауза поради повреда, Бразилецот со италијански пасош очигледно не е задоволен од својот статус и условите во клубот од Џеда и веќе е во Италија, каде очекува преговори и реализација на трансфер во јануарскиот преоден рок.

Наполи е еден од клубовите кои веќе побарал првични информации за условите на Фелипе, но Антонио Конте сигурно ќе биде најзаинтересиран за неговата физичка подготвеност и можноста веднаш да биде активиран на натпреварите на својот тим.

Лацио веројатно нема да биде алтернатива за Фелипе, бидејќи римскиот клуб му дозволи да замине без отштета во редовите на Бетис во 2022 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни