Искрениот Тевез му испрати порака на Меси: Немој да ја оставаш Аргентина…

Mesi-Nigerija

Некогашниот член на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус, Карлос Тевез му испрати искрена и отворена порака до својот сонародник Лионел Меси, порака која се однесува на неговиот статус во националниот тим.

„Гаучосите“ претрпеа уште едно големо разочарување на СП во Русија, па останува отворено прашањето дали Меси и понатаму ќе биде дел од репрезентацијата. Таа одлука Лео се уште ја нема соопштено, но Тевез се надева дека фудбалерот ќе остане смирен и ќе остане во тимот затоа што тој е душата на Аргентина.

-Мислам дека Лео треба да размисли за себе. Мора да размисли, ако нема проект што го прави среќен и во кој се чувствува удобно, многу е тешко да се преземе одговорноста да ја води Аргентина и сам да стане шампион. Ние трошиме многу време да не го имаме среќен и да не можеме да му дадеме рака за да ја постигнеме таа цел. Мислам дека не е во ред да не можеме да му помогнеме да се чувствува удобно. Како играч и како Аргентинец му велам дека ни е потребен, да се обиде да се одмори, да ја задржи главата ладна и дека ни е потребен. Ни е потребен затоа што тој е душата на Аргентина и се додека игра фудбал мора така да биде затоа што е најголемиот идол на Аргентина и мора да ја преземе таа одговорност. Сега му велам да се одмори, да ја задржи ладна главата, да биде добар, потоа ни е потребен да ја преземе одговорноста на теренот, -рече Тевез.

Facebook Коментари