Искрениот „тепач“ Коста објасни зошто не му се допаѓа ВАР: Треба да глумам дека…

kosta-zali

Диего Коста важи за исклучителен борец и воин на теренот и исто така е препознатлив за јавноста како еден од најголмите „тепачи“ на теренот, но таквиот свој карактер полека почна да го наметнува и во селекцијата на Шпанија каде полека почна да се прилагодува на елегентниот стил на игра.

Коста беше стартер на дуелот со Португалија и постигна два гола во ремито од 3:3, но и овој пат беше вмешан во една контроверзна ситуација која сепак судиите овојпат ја решија во негова полза. Напаѓачот го удри Пепе пред да го постигне голот за 1:1, а иако беше употребен ВАР системот, голот остана важечки и немаше враќање на истиот.

Голгетерот на Атлетико за првпат на своја кожа почувствува како е да се биде дел од натпревар на кој се употребува ВАР, а денеска го даде своето искрено мислење за оваа технологија и иновација на ФИФА.

– Искрено, мене не ми се допаѓа ВАР. Не поради мојот стил на игра, не поради тепачката на теренот. На мечот со Португалија постигнав гол и не знаев дали да го прославам или не. Ако има сомнителна ситуација, не можете да славите, останувате со смотана фаца. Со толку многу камери околу нас, треба да глумиме дека сме пријатели со противниците, – вели Коста.

Facebook Коментари