Поврзете се со нас

Лига Европа

Искрена реакција на Станковиќ по лошата вест од Данска: Деки почна да пцуе и замина во соблекувалната (Видео)

Објавено

на

Црвена Звезда ја заврши својата работа против Лудогорец и во 90-та минута имаше обезбедено пласман во наредната рунда во Лига Европа, статус кој сепак се промени во судиското надополнување.

Резултатот не се менуваше во Белград и српскиот тим славеше со 1:0, но пристигна лоша вест од Данска, која направи групата Ф да стане максимално драматична и се да биде неизвесно во последната рунда.

Митјиланд постигна гол од пенал во 93-та минута и триумфираше против Брага со 3:2, па сега трите тима влегуваат со свои шанси во последното коло.

Данците кои имаат осум бода играат против Лудогорец, додека Звезда која е прва со десет бодови, ќе има тешко гостување кај Брага која има бод помалку и сама ќе решава за својата судбина.

Тренерот Дејан Станковиќ ги испофали своите играчи за извонредното залагање на натпреварот со Лудогорец, но пред да го направи тоа, вистински хит стана неговата реакција кога дозна дека Митјиланд постигнал гол во завршницата. Легендарниот Деки нервозно одмавна со раката и пцуејќи замина кон соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни