Поврзете се со нас

Шпанија

Иско во 96 минута ја имаше последната шанса за гол, Рамос и Бензема скокнаа од седиштата (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид претрпе пораз од Алавес од 2-1, но малку фалеше „кралевите“ комплетно да се вратат од негативата од 2-0, односно да освојат барем бод на вечерашната пресметка.

Имено актуелниот шпански шампион во 86 минута преку Касемиро дојде на негатива од само еден гол со што си отави простор да остане барем непоразен на „Алфредо Ди Стефано“. Последната прилика за тоа да се случи ја имаше нововлезениот Иско Аларкон кој во 95 минута доби доволно простор од противниците и испрати одличен удар кој за среќа на гостите заврши само во рамките на голот на Пачеко.

Оваа шанса ги натера Рамос, Бензема, Валверде и компанија да скокнат од своите седишта и да се фатат за глава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни