Иско шоу за паметење: Даде гол, ги излуде противниците со два генијални дриблинзи, им се извинуваше на фановите… (Видео)

isko-malaga

Иско Аларкон несомнено беше најрасположен играч на теренот на „Ла Росаледа“ стадионото изминатава вечер, па може да се каже дека офанзивниот играч за врска самостојно му пресуди на својот поранешен клуб чии навивачи не останаа рамнодушнии на неговата фудаблска магија.

Навивачите на Малага го отпоздравија својот поранешен фудбалер за сето она што го прикажа на теренот, без разлика на тоа што овојпат беа „жртви“ на неговата беспрекорност и генијалност. Иско најпрво постигна одличен гол од слободен удар по кој веднаш им се извини на навивачите, а за тоа доби поздрав од трибините кои го натера да прикаже и дел од својот неверојатен дриблерски репертоар.

Шпанскиот репрезентативец изведе и две дриблинг магии во рок од само две секунди со кои излуде двајца играчи на Малага, а својата незаборавна партија ја комплетираше со асистенција до Касемиро кој погоди за 0:2 во вториот дел.

Facebook Коментари