Иско се огласи на Твитер по итната операција, познато и колку ќе паузира (Фото)

isko-apendi

Иско Аларкон ова утро го загрижи лекарскиот тим на Реал Мадрид, но набрзо беше откриено дека станува збор за проблем со слепото црево, хируршки зафат кој бара итен третман, но кој исто така во најголеми случаеви е рутински.

Офанзивниот играч на Реал Мадрид итно бил префрлен во болницата каде ова попладне му било направено операција, а дека се минало во најдобар ред ни откри самиот Иско кој се огласи на социјалните мрежи.

– Ви благодарам на сите за убавите пораки, се мина онака како што треба. Прегратка до сите, – порача Иско за кого познато е и колку точно ќе отсуствува од првиот тим на Хулен Лопетеги. Во вакви случаеви кои завршуваат со брз хируршки зафат, рехабилитацијата трае точно еден месец, а како што информираат од Реал, првична цел на Иско ќе биде да се врати за „Ел Класико“ дербито со Барселона кое е закажано за 28 октомври.

Facebook Коментари