Шпанија
Иско човек на одлука, Реал падна на „Бенито Вилјамарин“ (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид претрпе пораз од Бетис од 2-1 на вечерашното гостување на „Бенито Вилјамарин“ во рамките на 26.коло во Примера.
„Кралевите“ со ова пропуштија можност да ја преземат лидерската позиција барем до утре, односно сега и остави можност на Барселона да се стекне со предност од плус три, а Атлетико Мадрид да ги мине на табелата.
Првакот имаше добар почеток на средбата во Севилја и поведе преку Дијаз во 10 минута. Оваа предност беше активна до 34 минута кога по корнерот што го извесе Иско, погоди Кардосо за 1-1.
Домаќините во 54 минута се изборија за пенал, а сигурен реализатор на најсторгата казна беше Иско, некогашниот играч на клубот од шпанската престолнина.
Реал во следното коло е домаќин на Рајо Валјекано, Бетис ќе го пречека Лас Палмас и ќе има можност да ја продолжи одличната серија на резултати.
ОВДЕ погледнете ги головите.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан10 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија23 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Италија21 час
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер