Иштад загуби, но Цветковски го имаше потегот на денот (ВИДЕО)

golmanska postava na istad so jane cvetkovski

Македонскиот интернационалец во редовите на шведскиот ракометен супер лигаш Иштад во првото коло од новата сезона на најсилната конкуренција во оваа скандинавска земја доби мала шанса во дерби натпреварот со минатогодишниот шампион Кристијанштад.

Иако натпреварот се играше во „Иштад арена“, гостите го решија натпреварот во првото полувреме кога поведоа со 10:17, за домашните да се консолидираат во вториот дел, но недоволно за победа бидејќи натпреварот заврши 27:31.

Цветковски бранеше во последните десетина минути од средбата, иако се очекуваше дека може да добие поголема минутажа заради повредата на првиот голман. Сепак, тој одлично ја искористи својата шанса и во својот настап од шест удари одбрани два, притоа постигнувајќи еден гол со извонредна реакција, за повторно да го сврти вниманието кон себе и формата која ја демонстрира на меѓународната сцена.


jane cvetkovski vs kristianstad by alarietenegro

Facebook Коментари