Поврзете се со нас

Свет

Исцрпениот Варан донесе одлука која ја шокираше цела Франција (Фото)

Објавено

на

Франција го препушти светскиот фудбалски трон на Аргентина со поразот во големото финале во Катар, но 40-тина дена по завршниот меч на мундијалот, пристигна втора лоша вест за Дидие Дешамп.

Селекторот го продолжи договорот и ќе остане лидер на проектот најмалку до 2026-та година, но во неполн месец дозна дека останува без двајца искусни фудбалери.

По заминувањето на капитенот Уго Лорис, во репрезентативна пензија заминување и Рафаел Варан, кој со својата одлука ја шокираше цела јавност во Франција.

Иако има само 29 години, Варан одлучил да се посвети на клупските обврски и да минува повеќе време со семејството, бидејќи во последно време се чувствувал физички и психички исцрпен поради згуснатиот распоред во фудбалот.

Оваа ексклузива ја пренесе угледниот „Ле Паризен“, а веста брзо стана топ тема и ја потврдија и останатите познати медиуми од Франција, по што пристигна официјално соопштение и од самиот Варан.

Со оваа одлука, испаѓа дека финалето против Аргентина е последниот меч кој Варан го одигра за Франција во својата кариера, од која најмногу ќе се памети освоената светска титула во 2018-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни