Англија
Исак продолжи да решета, Њукасл ја продлабочи кризата на Тотенхем (Видео)
Њукасл влезе во победнички ритам и го оствари петтиот триумф во низа во Премиер лигата, учинок кој направи „страчките“ да дојдат до делба на четвртото место на табелата со 35 освоени бода.
Гостите од северот на Англија допатуваа во Северен Лондон со голема доза на самодоверба, па иако натпреварот тргна лошо за нив, избраниците на Еди Хау брзо се стабилизираа.
Соланки постигна гол за 1:0 во 4-та минута, но Њукасл експресно одговори со голот на Гордон, на кој претходеше едно контроверзно играње со рака на Жоелинтон кое судиите не го оценија како доволно за поништување на голот.
По израмнувачкиот гол, Њукасл делуваше поопасно и успеа да направи пресврт уште до крајот на првиот дел, кога разиграниот Исак го постигна гол на седми меч во низа во Премиер лигата.
Напаѓачот од Шведска игра во страшна форма и повторно се запиша во листата на стрелците, па на последните седум меча има биланс од девет постигнати голови.
Единствениот денеска беше доволен за голема победа на неговиот тим, по која работната позиција на Анге Постекоглу уште толку е раздрмана во Тотенхем.
Головите погледнете ги ТУКА
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Англија21 час
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)