Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг: Свесен сум за последиците, го правам најдоброто за мене

Објавено

на

Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг и понатаму одбива да се вакцинира против КОВИД-19, а тоа му прави проблеми во вршење на секојдневните обврски, но и во тоа како ќе ја мине оваа НБА сезона.

Плејмејкерот не игра ниту тренира со Бруклин затоа што такви се правилата во Њујорк, па иако притисокот врз Кајри е огромен тој си стои на кажаното и не планира да се вакцинира иако ќе загуби огромна сума на пари, плус нема да може да го прави она што знае, да игра кошарка, да му помогне на Нетс да стигне до пехарот.

Кајри се одлучи јавно да проговори на оваа тема и преку својот Инстаграм профил одново проговори за ставот кој го има и кој кого максимално се држи.

-Направете го она што е најдобро за вас, јас не сум адвокат на ниту една страна. Го правам она што е најдобро за мене. Свесен сум за последиците и ако тоа значи дека сум осудуван и демонизиран за тоа, тоа е што е, таа е улогата што ја играм, -вели популарниот Анкл Дру кој не планира да се пензионира.

-Не, не нема да пензионирам и не, нема вака да ја завршам приказната со оваа игра. Има уште многу работа која треба да се заврши, -порача Ирвинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни