НБА
Ирвинг со хит изјава откри каде ќе настапува во новата сезона

Кајри Ирвинг поради решителноста да не се вакцинира пропушти огромен број натпревари за Бруклин изминатава натпреварувачка сезона, која беше разочарувачка за Нетси и на резултатски план поради раната елиминација во плејофот.
Кевин Дурент едноставно немаше доволно поддршка од својот најдобар соиграч и поради тоа се отворија големи сомнежи за раздвојување на ѕвезедениот двоец, кој сепак ќе остане заедно уште една сезона.
Кајри Ирвинг се поврзуваше со сензационален трејд во Лос Анџелес Лејкерс и нова соработка со Леброн Џејмс, но до вакво нешто нема да дојде откако плејмејкерот на крајот решил да активира уште една сезона со Бруклин.
Најпознатите новинари од Америка информираат дека Ирвинг ја вклучил опцијата според која ќе остане уште една сезона во Бруклин за 37 милиони долари, сума која му е загарантирана на Кајри кој ја потврдил информацијата со изјава карактеристична за него.
– Светот функционира благодарение на нормалните луѓе, но оние кои се разликуваат ни носат подобри работи. Одлучив да останам во Бруклин, – изјавил Ирвинг.
-
Пливањепред 22 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 21 час
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал