Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг со чудесен кош преку Јокиќ донесе победа за Далас (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/NationMffl

Составот на Далас Маверикс издвојува драматична победа над Денвер Нагетс од 107:105 во дерби средбата во НБА лигата.

По две четвртини им припаднаа на двете екипи, а на крајот победникот беше решен со звукот на сирената и тоа благодарение на чудесниот кош на Ирвинг.

Имено шампионот во последните 28 секунди влезе со предност од три поени кои Дончиќ ги „избриша“ со својот погодок на 25 секунди до звукот на сирената. Денвер го имаше завршниот напад при кој Мари не успеа да погоди, а во исто време и остави и три секунди за противникот кој побара тајм-аут по кој одговорноста ја презема Ирвинг кој реализираше тежок шут преку Јокиќ за ерупција на трибините.

Кајри заврши со 24 поени, Дончиќ пак уфрли 37 кошеви. Кај поразените Јокиќ беше скромен со 16 поени, Мари со 23 беше прво поентер.

Останати резултати:

Милвоки-Феникс 140:129

Детроит-Милвоки 101-104

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни