Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг не играше за Бруклин, анти-ваксери се обидоа да влезат во салата на Бруклин (Видео)

Објавено

на

Кајри Ирвинг не беше дел од екипата на Бруклин, кој синоќа загуби на домашен терен од Шарлот, а навидум мирните демонстрации пред арената за малку ќе донесеа поголем инцидент.

Ирвинг одбива да се вакцинира, според ковид-19 правилата во Њујорк, поради тоа не смее да влегува и игра в арената, а неговиот клуб Бруклин реши да не смета на неговите услуги и на гостувањата каде би имал пристап во арените.

Ваквата ситуација предизвика незадоволство кај припадниците на анти-вакс движењето, па дел од нив вчера протестираа пред арената каде се играше натпреварот меѓу Бруклин и Шарлот.

Она што на почетокот значеше мирни протести, за малку ќе донесеше поголем инцидент, бидејќи дел од демонстрантите се обидоа насилно да влезат во арената, иако на крајот беа спречени од обезбедувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни