НБА
Ирвинг го искоментира заминувањето на Дурент во Феникс

Бруклин Нетс за краток временски рок остана без двете најголеми ѕвезди, па така прво Кајри Ирвинг го испрати во Далас Маверикс за да потоа се реши и од Кевин Дурент на кого новиот дом ќе му биде Феникс Санс.
Ова е сосема нов почеток како за Нетс така и за Ирвинг и Дурент кои заедно со Харден своевремено беа ангжирани како тројка која треба да му донесе пехар на клубот, меѓутоа тој проект едноставно се распадна, исчезна официјално со потезите направени последниве денови.
Кајри веќе имашше одлично деби за Далас и беше лидер воо триумфот над Лос Анџелес Клиперс, а по средбата имаше можност да даде коментар за Дурент и неговиот нов ангажман.
-Јас само се молам за неговата среќа и неговата благосостојба. Разговаравме многу во текот на целата година за тоа како ќе изгледа нашата иднина. Сè уште имаше ниво на неизвесност, но ние само се грижевме за тоа да бидеме на места каде што можеме да напредуваме. Без разлика дали бевме заедно, без разлика дали бевме разделени, никогаш не се чувствував како тој ми се лути на мене за одлуките што ги донесов или пак јас да сум лут на него.
-Само се обидуваме подобро да се разбереме и да растеме како човечки суштества, да растеме како браќа. Работата се менува толку брзо, тој станува малку постар, јас станувам постар. Сакам што ќе бидеме конкурентни во истата конференција. Веројатно ќе го гледам малку повеќе, веројатно ќе играме повеќе против Феникс, -рече Ирвинг.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Шпанијапред 23 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
Балканпред 24 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)