НБА
Ирвинг: Дали можам да играм со Дончиќ? Јас сум голем работник, заедно…
Кајри Ирвинг најмалку до крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на Далас Маверик, а тоа значи дека овој клуб ќе има страшен тандем во него и Лука Дончиќ.
Двајцата се супер ѕвезди, асови чиј квалитет, знаење, талент воопшто не е спорен, но останува да се види како тоа ќе фунционира на таренот. Кајри е познат по тоа што веќе често знае да менува средини, со некои потези да го привлече вниманието, навлече гневот на јавноста, меѓутоа тој се надева дека во Далас ќе ја пронајјде идеалната средина и ќе може да игра на највисокоо ниво.
-Знам само дека сакам да бидам на место каде што ме слават, а не само да ме толерираат и да ме третираат на начин поради кој не се чувствувам дека сум почитуван. Имаше период во Бруклин кога чувствував непочитување. Јас сум голем работник и никој не зборува за мојата работна етика, сите зборуваат само за тоа што го правам надвор од теренот. Сакав да го сменам наративот, да ја испишам мојата приказна и да продолжам да се подготвувам во салата – сега кога сум во Далас, ќе се фокусирам на она што можам да го контролирам, -рече плејмејкерот кој смета дека одлично ќе се разбираат со Лука.
-Конечно ќе бидам во тандем со некој од страшните Европјани.Неверојатно е како доминира на начин што веројатно не е виден од времето на Лери Бирд. Постојано е во приказната за МВП. Не сум загрижен за тоа како ќе работиме заедно. Колку што можам да го тргнам притисокот од него, да бидам лидер со него, јас сум подготвен да го сторам тоа, но нема притисок. Ништо не е на сила. Само сакам да играм кошарка, да уживам во неговиот талент и талентот на другите соиграчи, да работиме заедно за освојувањето на титулата, -порача и повлече популарниот Анкл Дру.
-
Германијапред 24 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)