Ирецот Мартин најдобар на шестата етапа во Франција

dan-martin

Денеска на програмата на напрестижното велосипедско натпреварување „Тур де Франс“ беше ридската етапа од Брест до Мур де Бретањ.

На 181 километри долгата етапа, прв до целта пристигна ирскиот велосипедист Ден Мартин, кому му беа потребни 4 часа и 13 минути. Ова е трета етапна победа во кариерата за Мартин на трките од Големата турнеја, а втора на Тур де Франс, после онаа од 2013. година.

Покрај Мартин, за место на подиумот се избори и Пјер Латур од Франција, како и Алехандро Валверде од Шпанија. Во првите пет пласман обезбеди уште еден Французин, Жулијан Алафилип, како и Полјакот Рафал Мајка.

Во генералниот пласман, жолтата маичка останува кај белгискиот претставник Грег Ван Авермет, а во вратот му дишат Џерeнт Томас од Велика Британија, како и Тиџеј Ван Гардерен од САД со 3, односно 5 секунди заостанување.

Facebook Коментари