Поврзете се со нас

Свет

„Иранскиот Меси“ призна дека имал понуди од клубови од Англија и Италија: Следното лето ќе направам трансфер

Објавено

на

Сардар Азмун од поодамна е го има надимакот „иранскиот Меси“ поради стилот на фудбал кој го негува, а кој многу потсетува на оној на Лео Меси.

Азмун веќе неколку сезони со успех го носи дресот на руски Зенит, а ова лето играчот беше поврзуван со трансфер во неколку големи клубови од топ петте лиги ширум Европа.

Дека имало интерес за трансфер потврди и самиот игрча кој притоа потенцираше дека Зенит се одлучил да не го продава по никоја цена. Сепак, Азмун посочи дека ќе го чека следното лето за да реализира трансфер во заинтересираните клубови како слободен агент.

– Имаше контакти, и иако јас сакав да си одам, од Зенит ме запираа да направам нешто. Имав понуди од Тотенхем, Лион, Баер Леверкузен и Рома, а Зенит ги одби сите.

– Ако заминам, а веројатно ќе заминам, ќе го сторам тоа следното лето како слободен агент, -изјави Азмун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни