Поврзете се со нас

Боречки спортови

Ирански каратист беше нокаутиран, но го освои златниот медал (Видео)

Објавено

на

Каратето дебитираше како спорт на Олимписките игри во Токио, па натпреварувачите имаа посебен мотив да се докажат пред своите ривали и глобалниот аудиториум.

На татамито беа реализирани навистина квалитетни борби, а денешното финале во категоријата над 75 килограми предизвика многу реакции.

Се работи за дуелот меѓу Иранецот Сажад Ганжадех и Тарег Хамеди од Саудиска Арабија, во кој вториот брзо стигна до резултатска предност од 4:1.

Во еден обид на Ганжадех да реализира удар за поени, Хамеди го нокаутираше со удар со нога, па иако се чинеше дека тоа ќе му донесе златен медал, се случи спротивното.

Судиите го дисквалификуваа каратистот од Саудиска Арабија поради употреба на неконтролирана сила при ударот со нога, па иако Ганжадех ја напушти салата на носилки, на крајот се закити со златниот медал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни