Поврзете се со нас

Боречки спортови

Иран егзекутираше познат борач и покрај меѓународниот притисок

Објавено

на

Поранешниот ирански боречки репрезентативец, Навид Афкари бил егзекутиран откако доби смртна казна по обвинението дека усмртил член на обезбедувањето за време на анти-владини протести во 2018 година.

Афкари имаше само 27 години, тврдеше дека бил мачен за да го признае убиството, а денеска бил обесен во градот Шираз, додека неговите браќа за истото дело добиле затворски казни на 54, односно 27 години.

Интернационалниот олимписки комитет, Светската асоцијација на спортисти, па дури и американскиот претседател Доналд Трамп бараа полесна казна за Афкари, но иранскиот суд ја изрече најтешката казна.

Адвокатот на Афкари тврди дека иранските власти немале видео снимка од убиството, а во доказите приложиле видео снимено еден час пред инцидентот.

Борењето има долга традиција и е меѓу најпопуларните спортови во Иран, додека егзекутираниот бил и национален шампион во овој спорт.

Голем број спортисти и федерации бараат од ИОК да го исклучи Иран од своето олимписко семејство поради оваа егзекуција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни