ИОК потврди: Париз ќе биде домаќин на ЛОИ во 2024, а Лос Анџелес во 2028 година

olimpijadi-paris-la

Интернационалниот олимписки комитет го потврди она што веќе го објавија угледните американски медиуми, а тоа е одлуката Летните олимписки игри во 2024 година да бидат одржани во Париз, а тие четири години подоцна во Лос Анџелес.

Последната одлука на ИОК беше дека Париз и Лос Анџелес ќе биде домаќините на двете летни олимпијади по таа во Токио 2020 година, но претставниците на двете организациски структури требаше да направат компромис околу распределбата на двете организации.

На крајот ИОК и двата града ги дефинираа деталите, со што Париз ќе биде домаќин по седум години, а Лос Анџелес во 2028 година. Со ова и двата града, ќе стигнат до трета организација на ЛОИ, нешто што досега важеше само за Лондон.

Facebook Коментари