Поврзете се со нас

Млади спортисти

Интервју со Марко Ѓоргиевски: Проектите од „Еразмус+“ достапни и за спортските клубови

Објавено

на

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е јавна институција која е формирана со Закон, донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Целта на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е да работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот.

Еразмус +“ е името на новата програма која ги обединува ЕУ програмите за образование, обука, млaди и спорт. Корисници на програмите можат да бидат: ученици, студенти, наставници, професори обучувачи и друг персонал кој е вклучен во било кој дел од образовниот процес, претпријатија и други правни лица вклучувајќи ги и трговските друштва, стопанските комори и други здруженија на правни лица од областа на индустријата, истражувачки центри и тела како и здруженија на граѓани и фондации.

Организирајќи „Обука за новинари“, Националната агенција се определи за поттик на медиумите со идеја да креира поголе интерес кај субјектите да осмислат проекти и да аплицираат за нивна поддршка. На обуката говореше и директорот М-р Марко Ѓоргиевски, по што одговори и на неколку прашања.

ДЕРБИ: Може накратко да ни ја преставите „ЕРАЗМУС+“ програмата и целите на истата?
– Еразмус+ програмата е европска образовна програма за поддршка на образованието, обуката, младите и спортот. Нејзината општа цел е да го поддржи, преку доживотното учење, образовниот, професионалниот и личниот развој на луѓето во образованието, обуката, младите и спортот, во Европа и пошироко, со што ќе придонесе за одржлив раст, квалитетни работни места и социјална кохезија. Воедно таа ги поддржува и сите приоритети и активности утврдени во Европската образовна област, Акциониот план за дигитално образование и Европската агенда за вештини. Крајната цел на Еразмус+ е што е можно повеќе луѓе да се вклучат и да ги искористат можностите кои им се достапни. Од самото создавање на „Еразмус+“ повеќе од 9 милиони лица се корисници на оваа Програма.

ДЕРБИ: Што е новина во „Еразмус+“ оваа година и како тоа се рефлектира во работата на Националната Агенција?

– Спортот не претставува непозната тема во програмата Еразмус+, со оглед на тоа што сеуште функционира како централизирана акција. Оваа година за првпат Националната агенција за европски образовни програми и мобилност управува со Спорт акцијата како дел од „клучна акција 1“. За потребите на оваа акција во тимот на НАЕОПМ се придружи и поранешниот кошаркар и тренер, Перо Блажевски. Неговото искуство и профил ја се вклопува во оваа акција и нејзината имплементација. Тој како амбасадор за спорт има за цел да ги промовира сите можности на програмата помеѓу нашата таргет група, спортски кадар.

ДЕРБИ: Како тече процесот на аплицирање и селекција на апликации?

– Секоја заинтересирана организација може да ја поднесе својата апликација до Националната агенција преку веб платформата на Системот за автентичност на Европската комисија. Апликантите треба да ги поднесат своите апликации за грант до 23 февруари до 12:00 часот (на пладне по бриселско време) и тоа за проекти кои започнуваат од 1 јуни до 31 декември истата година. Поднесените апликации, откако ќе ја поминат проверката за подобност, се оценуваат врз основа на следните критериуми за доделување: (a) Релевантност и влијание, (2) Квалитет на проектот и имплементација, (3) Квалитет на последователни активности. Оценувањето на поднесените апликации го врши независна надворешна Комисија состевена од база на експерти- евалуатори. Резултатите од селекцијата ќе бидат објавени на страната на НАЕОПМ и на социјалните медиуми.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни