Поврзете се со нас

Боречки спортови

Интернет пресметка меѓу Поирие и Мегрегор: Американецот го обвини Конор дека лажел во врска со донации

Објавено

на

Интернетот понуди уште една „пресметка“ меѓу двајца актуелни УФЦ борци кои постојано се во центарот на вниманието.

Сочни зборови на социјалните мрежи си разменија Дастин Поирие и Конор Мекгрегор откако беше најавено дека двајцата и по трет пат ќе се сретнат во октагонот.

Мекгрегор напиша дека предвидува оти тој ќе биде победникот на трилогијата со Поирие, на што американскиот борец веднаш му возврати за едно друго негово предвидување кога ветил дека ќе донира 500.000 долари за фондацијата која ја води Поирие.

– Тоа е интересно предвидување! Ти исто предвиде донација за мојата фондација, а твојот тим прекина да одговара по борбата во јануари. Се гледаме наскоро. На 10 јули ќе наплатиме во целост, -му напиша Поирие, на што Конор не остана должен.

– Донација, не долг. Чекавме да ни ги испратите плановите за парите, но тие никогаш не дојдоа. Тоа го правам со сите мои донации, во спротивно знаете каде одат парите. Жално е, но тоа се случува со многу фондации, -напиша Мекгрегор, на што Поирие повторно му одговори дека од тимот на Ирецот воопшто не одговарале на нивните пораки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни