Поврзете се со нас

Свет

Интернационалната асоцијација го прифати предлогот на ФИФА за извршувањето измени

Објавено

на

Интернационалната фудбалска асоцијација, или многу попозната како ИФАБ ко прифати предлогот кој го испрати ФИФА, највисокото тело во фудбалот кое побара промена на правилото за извршување замени по повод продолжување на сезоните по пандемијата со коронавирусот.

Поради несекојдневните услови и акумулираната пауза кај професионалните фудбалери, тимовите сега ќе имаат право да извршуваат по пет измени на еден натпревар, со јасна цел да се заштити здравјето на играчите кои дефинитивно нема да можат да се вратат во оптимална форма за толку кус период.

Во појаснувањето на ИФАБ, се вели дека петте измени ќе мора да бидат извршени во три наврати, што значи дека тренерот во два наврати ќе мора да вади по двајца играчи од теренот.

– Секој тим добива дозвола да врши по пет замени. За да се зачува текот на мечот и да не се имаат постојани прекини, секој тим ќе има три шанси да ги изврши измените, – појаснува ИФАБ и додава.

– Измените можат да бидат правени и на полувремето, а доколку двата тима се решат за правење измени во исто време, ова ќе се брои како една искористена шанса од вкупните етри, – гласи соопштението.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни