Интересно предвидување на Иниеста: Не гледам кој би ме заменил во стартната постава на Барса во наредните…

andres-neseser

Андрес Иниеста пред десетина дена даде една навистина неочекувана изјава за неговата иднина, јасно обелоденувајќи дека ќе мора да донесе конечна одлука дали ќе остане во Барселона, или пак ќе замине во Кина до 30-ти април.

Капитенот на Барса размислува за вакво нешто од едноставна причина што не сака да биде товар на клубот и поради тоа што смета дека може да му биде од корист на тимот само ако е максимално физички подготвен, а сега даде нова интересна изјава на оваа тема, правејќи едно предвидување за тоа кој би можел да го замени во стартната постава на каталонскиот гигант.

– Сфаќам дека полека влегувам во возраст кога работите се менуваат и кога се отвораат нови врати кои се многу интересни од различни аспекти. Не станува збор за љубов или нешто слично, станува збор за тоа што јас ќе го чувствувам во самиот себе. Искрено, ако ме почитуваат повредите, не гледам кој би ме заменил во стартната постава на Барселона во наредните две години, – искрено порачува капитенот кој вели дека уште нема донесено конечна одлука.

– Ако си заминам, тоа ќе биде само ако сфатам дека не можам 100-постотно да одговорам на барањата на клубот. Ќе биде многу тешка одлука, ќе мора многу мудро да размислам. Но, од друга страна пак, јас сум многу смирен и уживам во оваа сезона, – додава Иниеста во интервјуто за „Кадена Сер“.

Facebook Коментари