Интересна теза на Липи: Јувентус сега е во групата на фаворити за ЛШ, до лани…

lipi

Искусниот и трофеен италијански стручњак, Марчело Липи го стави Јувентус во листата на фаворити за пехарот во Лигата на шампионите со тоа што направи една паралела меѓу овој и составот на „бјанконерите“ од претходните сезони.

Клубот од Торино во претходните четири кампања два пати доаѓаше до финалето на елитното натпреварување, но без разлика на тоа Липи смета дека само сега Јуве може да се смести во групата на фаворити, односно претходно не можел „автоматски“ да се стави во тој најтесен избор.

-Јуве е меѓу фаворитите за пехарот во ЛШ во оваа сезона. Тие се во група со Баерн, Реал, Барселона, Сити и ПСЖ. До минатата година тие можеа да влезет во таа група, но автоматски не беа таму. Останатите италијански состави се се уште далеку од таму, -порача Марчело за „Радио Спортива“.

Facebook Коментари