Поврзете се со нас

Свет

Интересна тактика: Милито слушаше совети од навивачите и правеше замени (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалот во Јужна Америка е посебен и тоа сите добро го знаеме, па така освен што е интересно на теренот, на трибините понекогаш може да биде забавно и крај линијата или до зелениот тепих каде што се тренерите.

Имено Габриел Милито е многу добро познато име, играч кој во Европа играше за Сарагоса и Барселона по што се врати дома во Индепендиенте каде ја заврши кариерата.

Сега Габриел гради кариера како тренер, па во моментов е на клупата на Аргентинос Јуниорс, тим со кој е на 5. место на табелата.

Токму Милито со својот потег, луда тактика се најде во фокусот на вниманието откако во консултации со навивачите се одлучи да направи промени во својата екипа. Некогашниот стопер на средбата со Унион Санта Фе почна да зборува со фановите и бараше конкретно име за да го уфрли во игра што и на крајот се случи. Инаку Аргентинос Јуниорс славеше со 2-0 на овој натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни