Интересна ситуација на „Енфилд“: Марез на телефон од еден навивач проверуваше дали беше пенал за Сити (Видео)

MAHREZ

Манчестер Сити вчера претрпе тежок пораз на гостувањето кај Ливерпул со 3:1 и со тоа заостана на девет бодови зад лидерот на табелата во Англија.

„Граѓаните“ имаат право да бидат бесни затоа што главниот судија во два наврати не досуди пенал за нив иако постоеја елементи за да го стори тоа.

Додека Пеп Гвардиола беснееше покрај аут линијата, Ријад Марез ја искористи блискоста со еден од навивачите и му го побара телефонот за да провери дали имало пенал или не. Потоа му покажа на еден негов соиграч, па брзо го врати телефонот на сопственикот.

Видеото веднаш стана вирално на социјалните мрежи затоа што вакви моменти се ретки на фудбалските терени.

Facebook Коментари