Интересна прогноза на Новак: Ѓоковиќ посочи кој ќе биде иден број еден во тенисот!

djoka-sinsi

По незаборавното финале на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ вчера за првпат седна во иста соба со новинарите, бидејќи одржа прес-конференција со која го навести својот настап на Синсинати.

Светскиот рекет број еден ќе биде прв фаворит за освојување на титулата откако не настапи на Роџерс Мастерсот кој штотуку заврши и го освои Рафаел Надал, но покрај тоа што повторно зборуваше за епското финале со Рожер Федерер, даде и една интересна најава за она што може да биде актуелно во тенисот во наредните неколку години.

Србинот смета дека тој, Надал и Федерер се уште се доминантни и дека „големата тројка“ ќе потрае уште извесно време, но прогнозира дека Доминик Тим ќе биде идниот светскиот рекет број еден, а светла иднина му предвидува и на Данил Медведев.

– Мора да се најде некој кој ќе не наследи. Многу млади момчиња се доста високи и имаат силен сервис. Имаат силен сервис и се агресивни, тоа се три третини од целиот комплет. Искрено, гледам на Доминик Тим како иден број еден. Веќе неколку години е горе со нас, ќе биде најискусен и ќе има поголемо знаење од останатите на најважните турнири. Дефинитивно гледам на него како иден лидер во овој спорт. Од останатите, најголем напредок забележа Медведев. Има силни удари и одличен сервис, а сега почна и да се движи одлично. Нема сомнеж дека почна напорно да работи, а резултатите допрва ќе доаѓаат, – вели Ѓоковиќ кој во второто коло на Синсинати силите ќе ги одмери со Сем Квери.

Facebook Коментари