Интересна одлука: Минатово лето сите италијански гиганти се „тепаа“ за него, а тој денеска потпиша нов договор со Удинезе

Rodrigo de Paul

Италијанскиот фудбалски прволигаш Удинезе во летниот преоден рок успеа да ги одбие сите напади од големите екипи за услугите на Родриго Де Пол за да денеска издвојува уште една победа и го продолжи договорот со аргентинскиот репрезентативец до 2024 година.

За услугите на Де Пол заинтересирани беа Милан, Интер, Рома, Наполи и Фиорентина, односно сите очекуваат тој со сигурност да си замине од Удине, ама тоа не се случи за да сега дојде до продолжување на соработката.

Офанзивецот во минатата кампања имаше учинок од девет голови и девет асистенции.

Facebook Коментари