Интересен заклучок: Барди, легендарниот Пантиќ и тајната на старата југословенска школа (Фото)

bardi-getafe

Угледниот шпански весник „Марка“ излезе со убедливо најинтересен наслов по новото ремек-дело кое го изведе Енис Барди во Примера, погодок со кој неговиот Леванте оствари исклучително важна победа на гостувањето во мадридското предградие.

Мајсторијата на македонскиот репрезентативец од слободен удар се покажа како клучна за победа на Леванте над Хетафе, а со оглед на тоа што Барди повторно ги воодушеви шпанските медиуми со својата неверојатно добра техника за изведување слободни удари, најголем дел од нив посветија посебни статии за офанзивниот фудбалер.

По феноменалниот наслов на „Марка“, за издвојување е и заклучокот кој го изнесе реномираниот мадридски весник „Ас“, споредувајќи го Македонецот со уште еден фудбалски мајстор за слободни удари од овие простори, Милинко Пантиќ. Легендарниот Милинко важеше за вистински специјалист за прекини како член на Атлетико Мадрид, а според „Ас“, тајната во спектакуларните слободни удари кои ги изведува Барди се крие во старата југословенска фудбалска школа.

– Ова беше првиот гол за Барди оваа сезона. Минатата сезона постигна девет. Не беа сите идентично убави, но многу од нив дојдоа по спектакуларен удар. Снајперист кој мора добро да се гледа, исто како Пантиќ. Барди ја има техниката од старата југословенска школа, како што беше случајот со Пантиќ, – гласи интересниот заклучок на „Ас“.

bardi-pantik

Facebook Коментари