Поврзете се со нас

Шпанија

Интересен трансфер: Баерн го договори откровението на сезоната во Шпанија! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Гранада е еден од трите најлоши тима во Шпанија и редовно губи натпревари поради лошата игра во одбрана, но сепак во својот тим има еден играч кој посебно отскокнува и го привлече вниманието на јавноста.

Брајан Сарагоса беше откровение во воведниот дел од сезоната во Ла Лига и исклучително се истакна со изданието кое го имаше против Барселона, поради кое експресно доби повик и во шпанската фудбалска репрезентација.

Сарагоса е најдобар дриблер во шпанската елита и му се прогнозира светла иднина поради непредвидливоста и брзината со која се ослободува од противниците, а како што стојат работите, веќе следната година ќе биде дел од елитен клуб.

Угледните шпански и германски медиуми ексклузивно пренесоа дека Баерн Минхен ја информирал Гранада дека ќе ја исплати откупната клаузула за 22-годишниот фудбалер уште во јануари, со тоа што ќе му дозволи да ја доработи сезоната во Гранада.

Всушност, баварците ветиле дека ќе исплатата нешто повеќе од фиксната цена во откупната клаузула која изнесува 14 милиони евра, односно најавиле дека ќе отпочнат директни преговори со клубот и дека ќе понудат 15 милиони евра. „Ел Чирингито“ прв излезе со ексклузива за оваа информација, истата ја потврди и респектабилниот „АС,“ а веста брзо ја пренесоа и медиумите во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни