Македонија
Интересен потег: Вардар го врати црногорскиот „бомбардер“ кој стана европски шампион во Скопје
Вардар настапи на двата подготвителни турнири во Струга и во Охрид и се закити со трофеј на вториот, но одиграните натпревари очигледно беа јасен сигнал дека на тимот му се потребни уште неколку квалитетни имиња.
Најтрофејниот македонски клуб ќе се обиде да ја прекине двегодишната доминација на Еурофарм Пелистер и за да го направи тоа потребно е искуство и квалитет, нешто што сигурно го поседува Вуко Борозан.
Вардар денеска ја информираше јавноста дека го враќа црногорскиот „бомбардер“ кој стана европски шампион во Скопје во 2017-та година, но кој исто така освои и три титули во домашното првенство, два Купа и три трофеи во СЕХА Лигата.
Борозан своевремено ги полнеше противничките мрежи со својот силен шут како член на Вардар, а сега стручниот штаб на клубот се надева дека ќе може да повтори слични партии и на 30-годишна возраст.
– Црногорскиот ракометар кој со Вардар во 2017 година стана европски првак, Вуко Борозан повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес. Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата, – информираа од Вардар.
-
АТПпред 20 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Италијапред 24 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Лига на шампионипред 6 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 18 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Мото ГПпред 17 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 7 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ детално објасни зошто олимпиското злато е повредно од сите освоени 24 грен слем титули