Шпанија
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)

Лионел Меси обележа уште еден натпревар на Барселона која им се врати на победите во Ла Лига и со 3:0 славеше против Елче.
Аргентинскиот фудбалер постигна два одлични погодоци и беше најзаслужен за убедливата победа на неговиот тим.
Со оваа победа Барселона стигна до 50 поени и се зацврсти на третата позиција на табелата, доаѓајки на само два бода во однос на Реал Мадрид, односно пет во однос на Атлетико Мадрид.
Навистина интересен момент забележаа камерите по крајот на средбата, а истиот беше поврзан со Лео Меси и голманот на гостинскиот тим, Едгар Бадиа.
Бадиа првично го побара дресот на еден од најдобрите фудбалери во историјата неоечкувајќи дека и Меси ќе го побара неговиот дрес. Кога Меси го побара неговиот дрес, реакцијата на голманот беше навистина легендарна, а видеото од оваа блиска средба брзо се прошири по социјалнтие мрежи.
Edgar Badia asked Messi for his shirt. After giving it to him, the Argentine asked for Badia’s shirt, who was quite surprised initially, but then gave it to Leo. pic.twitter.com/VBYb4J9sVN
— . (@LioM10__) February 24, 2021

- Италијапред 18 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 14 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)