Интересен коментар на Сари по одличната партија на Роналдо: Треба да се заблагодариме на неговата мајка…

ronaldo-sari

Екипата на Јувентус со 3:1 ја совлада Рома и со тоа се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија.

Актуелниот италијански шампион на крилата на одличниот Роналдо го совлада незгодниот противник од Рим. Португалецот  го постигна првиот гол на средбата и тоа беше негов 13 погодок на последните десет натпревари, а седми кој го има постигнато во новата 2020 година.

По натпреварот со „волчицата“, Маурисио Сари даде навистина интересен коментар во врска со Роналдо.

– Роналдо е во неверојатна форма, постојано постигнува голови. Не гледам каде би можел да напредува, можеби во одбраната во одредени сегменти. Сепак немам што да му замерам. Можеме само да се заблагодариме на неговата мајка што го родила таков, -изјави Сари.

Facebook Коментари