Германија
Интересен избор: Новиот тренер на Баерн може да дојде од Холандија
Томас Тухел пред некое време се договори со управата на Баерн Минхен за разделба по крајот на оваа сезона, но таа разделба според германските медиуми може да се случи и порано ако најдобриот германски клуб биде елиминиран од Лацио во Лигата на шампионите.
„Билд“ и „Кикер“: Баерн донесе конечна одлука за Тухел пред клучниот меч со Лацио
Калчолигашот славеше во првиот дуел во Рим, реваншот е утре на „Алијанц Арена“ и ако фаворитот се лизне и остане без пласман во четвртфиналето тоа може да биде и крај за Тухел во Минхен.
Ова дефинитивно може дополнително да забрза некои процеси во Баерн, па како можно опција за тренер е Арне Слот. Холанѓанецот играше убав фудбал со Аз Алкмар од каде во 2021 година пристигна во Феенорд по што минатата сезона му ја донесе лигашката титула, а година претходно ги одведе и во финалето на Конференциската лига каде титулата на крајот ја грабна Рома.
-Баерн во моментов размислува за изненадувачка алтернатива – тренерот на Феенорд, кој е прогласен за најдобар тренер во Холандија во последните две години. Тој сака висок пресинг, исклучително брза транзиција и атрактивен фудбал. Холанѓанецот би можел да биде најсериозната опција доколку пропаднат преговорите со Чаби Алонсо, -велат германските медиуми.
-
Шпанија19 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија17 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија21 час
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија16 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија20 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Шпанија23 часа
Иниеста пушти солзи уште при првата реченица: Се одјави како играч, но веќе го најави својот следен чекор (Видео)
-
Англија21 час
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација21 час
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа