Поврзете се со нас

Свет

Интересен избор на легендата: Ривалдо го состави најдобриот тим на сите времиња

Објавено

на

Ривалдо Витор Борба Фереира или попознат само како Ривалдо остави свој печат, белег во светот на фудбалот носејќи го дресот на неколку големи гиганти и секако бразилската репрезентација.

Некогашниот ас на Барселона и Милан своевремено беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, беше прогласен за најдобар играч на светот, а со Бразил беше и светски шампион што доволно говори за него и неговата автобографија која е исполнети со уште многу успеси, индивидуални признанија.

Сето ова придонесува неговиот збор да има одредена тежина и да не може да му се замери како на пример при изборот на најмоќната, најквалитетната единаесетка на сите времиња. Ривалдо во избраното друштво не ги вкучи ниту Пеле, Марадона, Кројф…па неговиот избор е следен.

На голот е Нелсон Дида, дефанзивната четворка ја соинуваат Карлес Пујол, Кафу, Роберто Карлос и Паоло Малдини.

Средината на теренот е препуштена на Луис Фиго, Чави Ернандес, Зинедин Зидан и Роналдињо, додека најистурени се Лионел Меси и Роналдо.

-Сум играл со многу големи играчи, но Роналдо е играчот со кој најмногу уживав. Најдобриот напаѓач на сите времиња“, -изјави Ривалдо за својот сонародник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни