Лига на шампиони
Интер вечерва може да биде елиминиран од Европа

Италијанскиот прволигаш Интер игра лошо во Лигата на шампионите во оваа сезона и по четири кола има освоено само два бода, а тоа го става во многу незгодан ситуација пред вечерашните средби од групата Б.
Имено „нероаѕурите“ само триумф на гостувањето во Германија кај Борусија Менхенгладбах ги остава во игра пласман во нокаут фазата, но во исто време постои и опција тие вечерва да бидат елиминирани од европските натпреварувања.
Во случај избраниците на Конте да загубат или одиграат нерешено со Борусија, а притоа Шахтјор Доњецк слави во Украина над Реал Мадрид, тоа ќе значи дека калчолигашот ќе биде „избришан“ од ЛШ, но и ќе ги загуби сите шанси за Лига Европа.
Познато е дека третото место во ЛШ води во пролетната етапа во ЛЕ што во моментов е и најреална опција за Интер, меѓутоа многу тоа ќе зависи од денешните натпревари.
Во моментов Борусија е прва со 8 бода, Реал има седум, Шахтјор 4 и Интер 2 поени.

- НБАпред 22 часа
Јас сум Јокиќ, тој е Дончиќ: Никола се изнасмеа на новинарскиот лапсус (ВИДЕО)
- Англијапред 21 час
Џерард за одлуката на Челси за Лампард: Нивната историја е позната, не сум изненаден
- Германијапред 19 часа
Јовиќ се отвори: Не можев да разговарам со Зидан
- Шпанијапред 21 час
Посебно издание: Пујол го претстави дресот кој Барселона ќе го носи на дербито против Реал (ВИДЕО)
- Шпанијапред 23 часа
Алба: Знам дека сум еден од најомразените играчи во фудбалот
- Англијапред 17 часа
Тухел стави потпис на договорот со Челси и веднаш излезе на терен: Првите зборови му ги посветувам на Лампард (Фото)
- Англијапред 19 часа
Ричардс со шампионски предлог до Гвардиола: Доведи го овој слободен агент и твоја е титулата во Премиер лигата!
- Светпред 17 часа
УЕФА потсетува: Фудбалската лекција која ја одржа Роналдо на најлошиот терен во Европа (Видео)