Поврзете се со нас

Италија

Интер треба да продаде двајца фудбалери за да му ја исполни желбата на Инѕаги

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Раководството на Интер долго време го следи Алберт Гудмундсон и посакува да го доведе во своите редови уште ова лето, но финансиската ситуација го обврзува шампионот прво да се ослободи од неколкју играчи, па да може да го реализира трансферот на исландскиот фудбалер.

Понуда за Гудмундсон веќе испрати и Фиорентина, а заинтересирани се сигурно и други клубови, па прашање е дали Интер има време и можност да ја добие битката, иако сигурно би понудил најдобар проект за амбициозниот фудбалер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероазурите“ прво треба да ги продадат Хоакин Кореја и Марко Арнаутовиќ, па дури тогаш да влезат во финални преговори со Џенова, која очекува солидна отштета за младата ѕвезда.

Тренерот Симоне Инѕаги побарал од менаџментот уште еден офанзивен фудбалер и инсистира на такво засилување летово, но Кореја и Арнаутовиќ не брзаат во однос на заминување од италијанскиот првак и досега веќе одбиле неколку понуди.

Иако е јасно дека во прв план се Лаутаро, Тирам и засилувањето Тареми, Кореја и Арнаутовиќ тактизираат со евентуално пронаоѓање нов клуб, а медиумите тврдат дека и двајцата добиваат годишна плата од 3,5 милиони евра, пари кои би можеле да бидат инвестирани заедно со одредена трансфер отштета во Гудмундсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни