Поврзете се со нас

Италија

Интер со „тројка“ против Џенова ја потврди одличната форма (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Интер продолжи со одличните игри во Серија А, па така попладново нивна најнова жртва беше Џенова која настрада на „Џузепе Меаца“ со 3-0.

Гостите допапатуваа во Милано со добра низа на резултати, меѓутоа тоа денеска не им помогна затоа што едноставно беа надиграни од избраниците на Антонио Конте кои воедно важеа за фаворити. Уште во 32 секунда Интер го отвори резултатот и тоа блгаодарение на дуото Мартинез-Лукаку што секако беше најава за остварениот резултат.

Долго време стоеше овој резултат на семафорот, се до 69 кога Дармијан зголеми на 2-0 за да потоа набрзо стрела и искусниот Санчез. Нашиот Горан Пандев беше активен на теренот од 62 минута кога го зазема местото на Скамака.

Ова за „нероаѕурите“ беше 17 триумф во шампионатот, сега имаат 56 бода или седум повеќе од Милан кој вечерва и гостува на Рома.

На преостанатите два мече од терминот од 15 часот, Калјари со новиот тренер беше подобар од Кротоне (2-0) и Удинезе славеше над Фиорентина со 1-0 со погодоко на Илија Несторовски.

„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни