Свет
Интер со официјален став и предупредување: Вистина е дека Барса не контактираше за Лаутаро, тој ќе си оди само во еден случај!
Според најавите на шпанските и италијанските медиуми, Барселона веќе има постигнато вербален договор со Лаутаро Мартинез, но сега претстои најтешкиот и најкомплексен дел, односно преговарањето со Интер кој сигурно не сака да ја загуби својата голема ѕвезда.
Лионел Меси веќе во неколку наврати даде зелено светло за ангажман на неговиот сонародник и „индиректно“ испрати одреден притисок до управата на Барселона да донесе квалитетно засилување во нападот, а иако операцијата е комплицирана сама по себе, се чини дека работите ќе бидат уште посложени поради кризата која настана со коронавирусот.
Дефинитивно, сите се сложни дека Лаутаро нема да и каже „НЕ“ на Барселона, но сега Интер се истакнува како тежок преговарач, па дури и испрати предупредување до каталонскиот гигант.
– Ако Барселона го сака Лаутаро, тогаш ќе мора да ја исплати неговата откупна клаузула, – изјави Пјеро Аусилио, спортскиот директор на Интер за „Скај Италија“.
Откупната клаузула на Мартинез изнесува 111 милиони евра и според зборовите на директорот, Интер е подготвен да се откаже само за таа сума.
– Лаутаро не е на продажба. Вистина е, Барселона не контактираше и имаме добар однос, но веќе им порачавме дека нема да им го продадеме. Има само еден начин да се оттргне Лаутаро од Интер, а тоа е исплаќање на клаузулата, – нагласи Аусилио.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 19 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)