Поврзете се со нас

Италија

Интер се засили со квалитетен голман од Џенова (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Inter_en

Италијанскиот шампион Интер ги засили своите редови со досегашниот голман на Џенова, Хосеп Мартинез.

Мартинез веќе две години е во италијанскиот фудбал, период во кој се истакна со своите изданија и со тоа си ја отвори вратата за трансфер на „Џузепе Маеца“.

„Нероаѕурите“ за него ќе издвојат 15 милиони евра, а тој се обврза дека ќе биде верен на клубот до 30 јуни 2029 година.

-Многу сум возбуден и горд што станувам дел од клуб како што е Интер. Со нетрпение очекува да започнам, -порача Мартинез кој за Џенова одигра 68 натпревари и прими исто толку голови.

Тој во младиските категории бил дел и од Барселона, додека на сениорско ниво настапувал за Лас Палмас и РБ Лајпциг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни