Италија
Интер се спасуваше од пораз на „Бриантео“, Наполи е нов лидер во Серија А (Видео)
Интер имаше добра шанса да се врати на првото место на табелата со трета победа во четвртото коло, но наместо тоа, италијанскиот првак се спасуваше од пораз на „Бриантео“.
Монца се покажа како исклучително незгоден ривал во текот на цел меч и тимот кој го состави Адријано Галијани му создаде огромни проблеми на националниот првак, кој на крајот може и да биде задоволен што се врати во самата завршница.
За главните возбудувања се чекаше до последните 10 минути од мечот, кога најпрво Дани Мота погоди за 1:0, за Интер да возврати преку Дамфрис во 88-та минута.
Центаршутот на Карлос Аугусто заврши на вистинско место и Холанѓанецот немаше проблеми да погоди за 1:1, откако претходно Мота изведе навистина извонреден удар со глава во 81-та минута.
На крајот, двете екипи мораа да се задоволат со реми, по кое најзадоволни се во редовите на Наполи, тим кој е нов лидер во Серија А по четири комплетирани рунди.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Англија19 часа
Карсли самиот се прецрта, Кин советува кој треба да биде идниот англиски селектор
-
Лига на нации19 часа
Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Милевски со најкраток говор во својата кариера: Вие не сте нормални! (Видео)
-
Лига на нации21 час
Два мајсторски погодоци во Ереван донесоа историски успех за македонската репрезентација (Видео)
-
Свет23 часа
Легенда на Ливерпул со брутални зборови за Погба: Мурињо беше во право, тој е како вирус
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ загуби од Синер, па му се обрати на Федерер кој беше на трибините (Видео)
-
Лига на нации18 часа
Најдобар исход од вториот меч во нашата група: Македонија ќе игра во повисок ранг во Лигата на нации!
-
Лига на нации21 час
Ремек-делото на Арнолд од слободен удар го неутрализираше потресот во Англија (Видео)