Италија
Интер се распрашува за играч на Арсенал
Од таборот на Интер ќе бидат активни во летниот преоден рок со цел да го засилат тимот кој предводен од Антонио Конте треба да биде конкурентен на Јувентус и Лацио и следната сезона во битката за титулата во Серија А.
Интер веќе се поврзува со ангажман на неколку фудбалери, пред се офанзивци, кои би дошле како замена за Лаутаро Мартинез кој веројатно ќе си оди од клубот.
Сега, англискиот „Дејли Мирор“ пишува дека италијанскиот клуб му „фрлил око“ на играчот на Арсенал, Ектор Белерин.
25 годишниот шпански интернационалец наводно изразил подготвеност да си оди од Арсенал и да се пресели во тим кој ќе се бори за освојување на трофеи.
Белерин има договор со „топчиите“ до 2023 година, а во клубот е уште од 2011 година кога дојде од таборот на Барселона.
И шпанскиот гигант одреден период се интересираше за играчот, меѓутоа сега се верува дека Интер во моментов е фаворит за неговиот потпис.
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија13 часа
Митревски го најави вечното дерби против Вардар: Победникот ќе направи важен исчекор кон титулата