Италија
Интер сака да заработи добро од Дамфрис, веќе има и план за неговиот наследник

Последните сезони Интер профитираше добро од трансфери на фудбалери кои пристигнаа во Италија за многу помали суми, а последниот случај беше со голманот Андре Онана.
Италијанскиот клуб планира истото да го направи и со Дензел Дамфрис, холандскиот бек за кого се интересираат премиерлигаши, а кои традиционално без проблеми можат да издвојат сума која ќе ги задоволи барањата на „нероазурите“.
Медиумите тврдат дека Интер нема да му прави проблеми на Дамфрис, кој очигледно е на мета на Челси и Манчестер Јунајтед, а веќе размислува и за неговиот наследник.
Се работи за Тејџон Буканан, канадскиот репрезентативец кој настапува за Клуб Бриж и веќе го привлече вниманието со своите настапи за националниот тим и својот прв европски клуб.
Цената на Буканан би требало да биде околу 15 милиони евра, додека Дамфрис би донел најмалку 40 милиони евра, од кои најголем дел се профит ако се спореди сумата која му беше платена на ПСВ за неговото доаѓање во Милано.
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 24 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)