Интер сака да ја тргне откупната клаузула на Икарди, Ванда Нара бара милиони

ikardi

Мауро Икарди со своите настапи и погодоци во изминативе неколку сезони се наметна како лидер во калчолигашот Интер, играч врз кој се гради тим со кој овој клуб повторно би се вратиќ на победнички патеки.

Добрите партии од друга страна носат и интерес од останатите екипи, па Интер сака да се заштити и обезбеди својот капитен со тоа што ќе му ја тргне откупната клаузула. Таа изнесува 90 милиони евра, па „нероаѕурите“ сакаат истата да ја нема со тоа што за возврат ќе му биде зголемена платата на Аргентинецот за скоро 2 милиони евра, односно од 4,7 ќе скокне на 6,5 милиони евра заедно со одредени бонуси од зависност од индивидуалните настапи и успехот на тимот.

Меѓутоа сопругата на Икарди која воедно е и негов агент, Ванда Нара бара плата од 7 милиони евра и клаузулата да остане со тоа што истата би била зголемена и би изнесувала меѓу 150-200 милиони евра. Ако Интер сака да биде тргната клаузулата тогаш ќе мора да му даде на Мауро 8 милиони евра.

Како ќе завршат овие преговори и дали ќе биде постигнат нов договор останува да видиме.

Facebook Коментари